Пресметка на царина за возило без линк: рачен внес
Огласот не е на mobile.de? Кои податоци ви требаат за рачна пресметка на давачки, каде да ги најдете и на што да внимавате.
Најбрзо е да го споделите линкот од mobile.de, па податоците ги читаме ние. Но огласот не е секогаш таму. Тогаш давачките ги пресметувате со рачен внес: ги пишувате податоците од огласот или од документите на возилото, а пресметката стигнува на е-пошта исто како со линк.
Кога ви треба рачен внес
- Огласот е на друг сајт, на пример AutoScout24 или Facebook.
- Имате понуда од дилер или од увозник без оглас.
- Возилото го гледате во живо и ги имате само документите.
- Не успеавме да го прочитаме огласот од линкот. Тогаш ве носиме на формата, со е-поштата веќе внесена.
Податоците што ви требаат
Цена на возилото
Внесете ја целата цена од огласот, со ДДВ. Германските дилери често пишуваат две цени, на пример €15.000 и под неа €12.605 Netto, 19% MwSt. Внесете ја поголемата. Давачките се сметаат од целата цена, па со нето цената пресметката излегува пониска отколку што ќе платите.
Вид на гориво
Изберете го точно, бидејќи горивото ги менува даноците. Обичен хибрид и plug-in хибрид не се исто: plug-in хибридот се полни на кабел и плаќа помал данок по вредност. Електричното возило не плаќа ни данок по вредност ни данок за CO2. Ако огласот пишува Plug-in-Hybrid, изберете ја опцијата со кабел. Повеќе во водичот за електрични и хибридни возила.
CO2 емисии, комбинирано
Бројката во g/km. Ја наоѓате на три места:
- Во огласот на mobile.de, под CO₂-Emissionen (komb.).
- Во германската сообраќајна дозвола, дел I (Zulassungsbescheinigung Teil I), поле V.7.
- Во COC сертификатот на возилото, во делот за емисии.
Внесете ја комбинираната вредност, не градската или вонградската. Ако ја нема никаде, прашајте го продавачот. Не земајте ја вредноста од друга верзија на истиот модел: 2.0 TDI со 150 и со 190 коњски сили имаат различни емисии. Повеќе во водичот за CO2 емисиите.
Метод на мерење: NEDC или WLTP
NEDC е постариот метод, за возила до 2018 година. WLTP е новиот, за возила од 2018 година. Изберете го она што пишува во огласот или во COC сертификатот. Методот го прикажуваме во пресметката покрај CO2 вредноста.
Марка, модел и останатите податоци
Марката и моделот, првата регистрација, зафатнината и силата на моторот, менувачот и бројот на шасијата ги прикажуваме на врвот на пресметката, за да знаете за кое возило е кога ќе споредувате неколку огласи.
Најчести грешки
- Нето цена наместо целата цена со ДДВ.
- CO2 вредност од друга верзија на моделот.
- Потрошувачката во l/100 km, или градскиот CO2, наместо комбинираниот CO2 во g/km.
- Хибрид избран наместо plug-in хибрид, или обратно.
Што следува
Кликнете Продолжи кон плаќање и платете Наместо 250, сега 125 ден. преку Dodo Payments. Ако имате промо код од пакет, внесете го и пресметката ја добивате без плаќање. За неколку минути на е-пошта стигнуваат сите давачки, со и без EUR.1, и колку заштедувате со него. Пакетите за 3 и 10 возила се на страницата Цени.